Имаше големи реакции од неколку клубови за доделувањето на ваучерите од Агенцијата за млади и спорт.
“По повод доделувањето на ваучерите од АМС РК Младост 1977 АД Богданци излегува со соопштение до јавноста: РК Младост 1977 АД Богданци со денешното доделување на ваучерите е најголем губитник имајки ги во предвид постигнатите резултати. Минатата година ги имаше најголемите успеси во последните 13 години, влез во супер лига, вице шампиони во кадетска категорија, учество со сите младински категории, оваа година исто така учество во сите категории, младинска второ место, кадетска прво место, учество на пионери, сениорите со само еден пораз второ место и главни претенденти за влез повторно во супер лига. Па господо од AМС 2.000 000 денари се доделува на преку 100 бодови и вакви резултати ???? Кого правите будали вие од АМС ???? Вака ли не охрабрувате да вложуваме и да работиме со младите категории ???? Минатата сезона со 45 бодови ни беа доделени 2.100 000 денари, ако мислите дека на ова ќе премолчиме не, правдата за овој невиден преседан и криминал ќе ја бараме правнички оваа срам за спортот ова е срам за АМС објавете бодување, објавете критериум како ги делевте ваучерите, по пријатели, по комшии или по тоа кој колку ќе ви вети за возврат, и сигурни сме дека после нас незадоволни ќе се јават уште многу други клубови.” – изјавија од Рк Младост 1977 Богданци.
“Дефинитивно кој и да одлучувал за прераспределбата на ваучерите ја промашил терапијата… премногу мириса на политика а не Спорт многу малце што значи дека спортскиот ваучер, како помош за спортот под итно во корпа за ѓубре.” – изјави првиот човек на Јуниор Кисела Вода, Ристо Чокрев.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷