Грузискиот ракометар Реваз Чантурија го напушта тимот на Прилеп и во новата сезона ќе има нов предизвик во својата кариера.
Тој потпиша договор со екипата на Цвикау од Германија. Чантурија 19 години настапуваше во Македонија, а сега се сели во странство.
Чантурија има настапувано за екипите на Металург, Вардар, Пелистер, МАКС Струмица, Струга и Прилеп.
(фото – Рк Цвикау)📷