Реми меѓу Аеродром и Шампион

Екипите на Аеродром и Шампион одиграа нерешено со конечни 27-27 во плеј-аутот од Првата лига.

Иако тимот на Шампион имаше водство на полувреме од 15-13, сепак во второто полувреме со добра игра Аеродром успеа да се врати, па на крај натпреварот да заврши нерешено.

Најефикасен во редовите на Аеродром беше Александар Симоновски со шест гола, додека кај Шампион најефикасен беше Стефан Огненовски со седум гола.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *