Екипите на Борец и Преспа Вардар одиграа нерешено со конечен резултат од 37-37 во натпревар од 13. коло од плеј-аутот од Првата лига.
Иако на полувреме Преспа Вардар имаше водство од 20-15, сепак на крајот од натпреварот резултатот беше нерешен.
Најефикасен во редовите на Борец беше Јован Атанасовски со 20 погодоци, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со 13 погодоци.
(фото – ГРК Борец)📷