Екипите на Бутел Скопје и Тинекс Пролет одиграа нерешено со конечни 22-22 во Супер лигата.
Иако во последните неколку секунди тимот на Бутел Скопје имаше водство од 22-20, сепак на крај Тинекс Пролет успеа да постигне два гола за реми.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Филип Николов со седум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со пет гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷








