Екипите на Вардар и Куманово одиграа нерешено со резултат 25-25 во 1. коло од групната фаза од плеј-офот во Женската Супер лига.
На полувреме Вардар имаше минимално водство од 14-13. Во второто полувреме беше неизвесно, но Куманово се избори за реми против Вардар.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Дона Тодоровска со девет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Нена Нестороска со 11 гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷