Екипите на Голден Арт и Тинекс Пролет одиграа нерешено со конечен резултат 24-24 во натпревар од Супер лигата.
Тинекс Пролет од почетокот на натпреварот имаше контрола на играта, но сепак Голден Арт се избори за реми.
Најефикасни кај екипата на Голден Арт беа Христијан Милошески и Петар Стојаноски со по шест гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Ласко Андоновски со девет гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷