Реми меѓу Драчево и Радовиш

Екипите на Драчево и Радовиш одиграа нерешено со конечен резултат 35-35 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.

Иако на полувреме Драчево имаше предност со резултат 17-14, сепак на крајот натпреварот заврши нерешено.

Најефикасен во тимот на Драчево беше Ѓорѓи Дука со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов со 12 гола.

(фото – Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.