Екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид одиграа нерешено со конечни 26-26 во натпревар од Супер лигата.
Иако тимот на Еурофарм Пелистер имаше во последните неколку секунди пенал, сепак Радивојевиќ го промаши, па натпреварот заврши нерешено.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со девет гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Марко Стојковиќ со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








