Екипите на Металург РА и Јехона одиграа нерешено со конечен резултат од 30-30 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.
Иако на полувреме Јехона имаше предност од 18-15, сепак во второто полувреме Металург РА се врати и се избори за реми.
Најефикасен во редовите на Металург РА беше Филип Петровски со 12 погодоци, додека кај Јехона најефикасен беше Адис Салиу со 9 погодоци.
(фото – Рк Металург РА)📷