Екипите на Овче Поле Славјански Универзитет и Шампион одиграа нерешено со резултат 28-28 во Женската Супер лига.
Иако тимот на Овче Поле Славјански Универзитет имаше на пауза предност од 15-12, сепак на крај натпреварот заврши нерешено.
Најефикасна кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Јована Конева со девет гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Марија Бојковска со седум гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷