Екипите на Овче Поле Славјански Универзитет и Скопје одиграа нерешено со резултат 26-26 во натпревар од Женската Супер лига.
Исто така и на полувреме беше нерешено со 12-12. Во второто полувреме резултатот се движеше исто како во првото полувреме, па на крај двете екипи да одиграат нерешено.
Најефикасни во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беа Јована Конева и Елена Вучевска со по шест гола, додека кај екипата на Скопје најефикасни беа Росана Павлова и Јана Петровска исто така со по шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷