Екипите на Овче Поле Славјански Универзитет и Деспина одиграа нерешено со конечни 32-32 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Иако тимот на Овче Поле Славјански Универзитет имаше водство на полувреме со минимални 17-16, сепак на крај двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Јована Конева со девет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Маја Ристеска исто така со девет гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷