Екипите на Пелистер и Деспина одиграа нерешено со конечни 21-21 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
На полувреме резултатот беше нерешено со 10-10. Во второто полувреме беше неизвесно, но сепак на крај двете екипи ги поделија бодовите.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со шест гола, додека кај Деспина најефикасна беше Евгенија Цаневска со осум гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷