Екипите на Радовиш и Металург РА одиграа нерешено со 28-28 во натпревар од Првата лига.
Иако на пауза Металург РА имаше предност од 16-12, сепак во второто полувреме Радовиш успеа да се врати и да се избори за реми.
Најефикасни во редовите на Радовиш беа Зоран Стојановски и Здравко Постолов со по осум гола, додека кај Металург РА најефикасен беше Стефан Крстески со шест гола.
(фото – Рк Радовиш)📷