Екипите на Струга и Тиквеш одиграа нерешено со конечен резултат 25-25 во натпревар од Супер лигата.
На полувреме Струга имаше водство од 12-11. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но сепак двете екипи си ги поделија бодовите.
Најефикасен во редовите на Струга беше Александар Стојков со осум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Мартин Манасков исто така со осум гола.
(фото – Рк Струга)📷