Екипите на Тинекс Пролет и Струга одиграа нерешено со конечни 28-28 во натпревар од Супер лигата.
Иако тимот на Тинекс Пролет имаше водство на полувреме од 18-14, сепак во второто полувреме Струга одигра добра игра, па на крај натпреварот да заврши нерешено.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со 11 гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Наум Костов со 10 гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








