Екипите на Ѓорче Петров 2 и Овче Поле Славјански Универзитет одиграа нерешено со конечни 20-20 во 13. коло од плеј-аутот од Женската Супер лига.
Иако тимот на Овче Поле Славјански Универзитет го имаше водството, сепак тимот на Ѓорче Петров 2 успеа да се врати за нерешено.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Ангела Цветановска со шест гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Ангеловска со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷