Екипите на Ѓорче Петров 2 и Скопје одиграа нерешено со конечни 27-27 во 8. коло од Женската Супер лига.
Иако во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично, сепак двете екипи си ги поделија бодовите.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров 2 беше Ања Лашкоска со седум гола, додека кај Скопје најефикасна беше Наталија Максимовска исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷