Екипите на Вардар и Металург ги поделија бодовите, откако двете екипи одиграа нерешено со резултат 25-25.
Металург во првото полувреме го презеде водството, па на пауза замина со предност од 16-12. Во второто полувреме екипата на Вардар успеа да се врати, па на крај да избори реми.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Ивона Трпевска со осум погодоци, додека кај екипата на Металург најефикасна беше Ива Младеновска исто така со осум погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷