Екипите на Јехона и Овче Поле одиграа нерешено со конечен резултат 28-28 во 18. коло од Првата лига.
Иако на полувреме тимот на Овче Поле имаше водство од 13-10, сепак во второто полувреме беше неизвесно за на крај натпреварот да заврши нерешено.
На овој натпревар имаше доделено четири црвени картони. Три црвени картони заработи екипата на Јехона, каде беа исклучени Чеде Јованоски, Мојсие Тасески и Стефан Маринковски, а еден црвен картон доби тимот на Овче Поле, каде беше исклучен Филип Сентовски.
Најефикасен во редовите на Јехона беше Адис Салиу со десет гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Стојанче Ристов со 12 гола.
(фото – Рк Јехона)📷