Реми помеѓу екипите на Аеродром и Вардар Неготино со резултат 24-24 во салата Автокоманда.
Во првото полувреме Вардар Неготино го презеде водството, и на пауза замина со предност од 10-14. Во вториот дел Аеродром успеа да се врати и да одигра нерешено против Вардар Неготино.
Најефикасен во екипата на Аеродром беше Филип Пајкоски со пет гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Костадин Петров исто така со пет гола.
(фото-Рк Аеродром)📷