Екипите на Бутел Скопје и Алкалоид одиграа нерешено со конечни 26-26 на турнирот во Струга.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично, на полувреме Бутел Скопје имаше предност од 14-13. Во второто полувреме двете екипи се бореа гол за гол, па на крај бодовите беа поделени.
Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со 11 погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со шест погодоци.
(фото-24Ракомет)📷