Ракометарите на Бутел Скопје и Тинекс Пролет си поделија по еден бод откако двете екипи одиграа нерешено 25-25 во Супер лигата.
Екипата на Пролет имаше предност на полувремето од 12-11. Во вториот дел се играше гол за гол, за на крај двете екипи си поделат по еден бод.
Најефикасен во екипата на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Иван Џонов со шест погодоци.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷