Во драматичен натпревар до последна секунда, Вардар и Чаир ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 29:29, во рамките на првото коло во женската Супер лига.

Тимот на Чаир добро го отвори натпреварот и направи серија од 6-1, потоа беше повикан тајмаут од тренерот на Вардар, Александар Царчев, пошто следуваше добра серија на домаќинот за камбек.

На полувреме Вардар имаше предност од 15-13. Во второто полувреме беше неизвесно, иако на крај во последните секунди Чаир имаше напад за победа, но не го искористи тој напад и натпреварот заврши нерешено.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Сара Стефаноска со 10 гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Севда Озкан со 6 гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.