Реми помеѓу екипите на Кичево 2020 и Бисинов Фруит Ленд

Екипите на Кичево 2020 и Бисинов Фруит Ленд одиграа нерешено со резултат 28-28 во Првата лига.

Кичево 2020 добро го започна натпреварот, но гостите од Велес се вратија во игра и двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 14-14.

Во второто полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на крај мораа да се задоволат со реми.

Најефикасен кај екипата на Кичево 2020 беше Дарио Јаковлески со шест гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Мартин Иванов со осум гола.

(фото – Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести