Репрезентацијата на Македонија одигра нерешено против Чешка со 24-24 во Злин во првиот натпревар од двомечот за пласман на СП.
Македонија имаше водство во првото полувреме и на пауза замина со предност од 10-13. Во вториот дел Македонија пак имаше водство, но на крајот од натпреварот Чешка успеа да избори реми.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Филип Талески со пет погодоци, додека кај селекцијата на Чешка најефикасен беше Хрстка со пет погодоци.
(фото-РФМ)📷