Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Кичево 2020 си ги поделија бодовите, откако одиграа нерешено со 20-20.
Иако тимот на Кичево 2020 беше во водство во текот на целиот натпревар, сепак Македонија Ѓорче Петров на крај се избори за реми.
Најефикасен во тимот на Македонија Ѓорче Петров беше Бојан Божиновски со четири гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасни беа Бојан Стојкоски и Стефан Стефаноски со по пет гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷