Екипите на Овче Поле Славјански Универзитет и Пелистер одиграа нерешено со 21-21 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот од Битола беше во водство во текот на целиот натпревар, но на крај тимот од Свети Николе се избори за реми.
Најефикасна во тимот на Овче Поле Славјански Универзитет беше Јована Конева со седум погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска исто така со седум погодоци.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷