Ракометарите на Охрид и Бутел Скопје си поделија по еден бод, откако двете екипи одиграа нерешено со 25-25 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме Бутел ја презеде предноста и на полувреме имаше водство од 14-17. Во вториот Охрид се врати, но на крај двете екипи си ги поделија бодовите.
Најефикасен во екипата на Охрид беше Филип Николов со шест гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со девет погодоци.
(фото-ГРК Охрид)📷