Екипите на Радовиш и Тинекс Пролет ги поделија бодовите, откако во Радовиш одиграа нерешено со резултат 27-27 во Супер лигата.
Радовиш добро го отвори натпреварот, па на пауза замина со предност од 17-15. Во второто полувреме беше драматично, но сепак Вјештица во последните секунди успеа да му донесе бод на Радовиш против Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Радовиш беше Здравко Постолов со 11 погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Иван Џонов со шест погодоци.
(фото-Рк Радовиш)📷