Екипите на Струга и Прилеп ги поделија бодовите, откако двете екипи одиграа нерешено со 25-25 во Супер лигата.
Тимот на Струга добро го отвори натпреварот, па на пауза замина со предност од 14-12. Во второто полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на крај одиграа нерешено.
Најефикасен во составот на Струга беше Петар Бугариновиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Гавашелишвил Мириани со осум погодоци.
(фото-Рк Струга)📷