Екипите на Тиквеш и Тинекс Пролет одиграа нерешено 25-25 во натпревар од Супер лигата, кој се играше во Кавадарци.
Во првото полувреме домашната екипа водеше, и на полувреме имаше предност од 16-12. Во вториот дел се играше израмнето на двете страни, за на крај двете екипи да си поделат по еден бод.
Најефикасен во екипата на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со седум погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со девет погодоци.
ГРК Тиквеш 2014 25-25 Рк Тинекс Пролет
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷