Реми помеѓу Тиквеш и Тинекс Пролет

Екипите на Тиквеш и Тинекс Пролет одиграа нерешено во Кавадарци со резултат 23-23 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.

Во првото полувреме беше неизвесно, но екипата на Тинекс Пролет замина со водство на полувреме од 13-10. Во второто полувреме Тиквеш успеа да се врати, но на крај двете екипи одиграа нерешено.

Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Никола Стефановиќ со пет гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасни беа Ласко Андоновски и Александар Василевски со по шест гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести