Реми помеѓу Тинекс Пролет и Бутел Скопје

Екипите на Тинекс Пролет и Бутел Скопје одиграа нерешено со 23-23 во натпревар од 13. коло во плеј-офот од Супер лигата.

Од почетокот на натпреварот се играше гол за гол, но на крај двете екипи одиграа нерешено.

Најдобар стрелец во тимот на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со десет погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со девет погодоци.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.