Реми помеѓу ЦСКА Москва и Одензе, победа за Дортмунд

Екипата на ЦСКА Москва изваде реми на гостувањето кај Одензе 27-27 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасна во екипата на ЦСКА Москва беше Ана Грос со шест погодоци, додека кај екипата на Одензе најефикасна беше арен Ниланд Ардал исто така со шест погодоци.

Победа забележа и Борусија Дортмунд на гости кај Подравка со 32-24. Најефикасна во Борусија Дортмунд беше Мерел Фрерикс со шест голови, додека кај екипата на Подравка најефикасна беше Јулија Думанска со 13 одбрани на голот.

Вајперс Кристиансанд со победа се враќа од гостувањето во Шведска кај Савехоф со убедливи 42-23. Најефикасна во гостинската екипа беше Дал со осум погодоци, додека кај поразената екипа најефикасна беше Росел со седум погодоци.

Лига на шампиони (жени) 9. коло резултати:

Одензе 27-27 ЦСКА Москва

Подравка 24-32 Борусија Дортмунд

Мец-Кастамону одложен

Савехоф 23-42 Вајперс Кристиансанд

Ференцварош 26-22 Будуќност

Ростов Дон 25-27 Есбјерг

Брест Бретањ-ЦСМ Букурешт одложен

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести