Ракометната федерација на Турција на својата веб страна соопшти дека репрезентативецот на машката сениорска репрезентација, Џемал Кутахја е пронајден мртов заедно со неговиот петгодишен син.
Кутахја заедно со неговиот син и бремената сопруга биле под урнатините, каде за неа сеуште нема информации.
Џемал Кутахја настапуваше за екипата на Хатајспор, а настапуваше и за репрезентацијата на Турција.


(фото – Ракометна Федерација на Турција)📷