Репрезентативците на Македонија од Еурофарм Пелистер на прием кај градоначалникот на Општина Битола (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше прием на ракометарите од Еурофарм Пелистер, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка.

На средбата, градоначалникот Коњановски, им се заблагодари за добрата ракометна игра со која како репрезентативци ја претставуваа Македонија, со што и го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.

Градоначалникот Коњановски им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во ракомет 2025 година на ракометарите: Филип Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Никола Митревски, а изрази јавна благодарност и до битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на Алкалоид.

„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам, што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а Вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, – рече градоначалникот Коњановски на денешната средба.

Ракометарите, пренесувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката од градоначалникот и соработката со Општината.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *