Ресенчани му доделија дрес на синот на Александар Јовиќ, Лука Јовиќ (ФОТО)

Четврта година по ред беше организиран ревијалниот натпревар под мотото „Преспа за Зоки, Були и Котле”  за легендите на ракометот од Ресен – Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски.

Специјални гости на настанот беа македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, како и синот на прерано починатата македонска ракометна легенда Александар Јовиќ кој што настапуваше за ресенскиот клуб “Јафа Промет”.

Во таа чест на синот Лука Јовиќ беше доделен и дрес со препознатливиот број 7 на Ацо Јовиќ.

(фото – Општина Ресен)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *