Од клубот Бисинов Фруит Ленд од Велес објавија соопштение во кое се вели клубот да биде оставен на мир.
Екипата на Бисинов Фруит Ленд од Велес се натпреварува во младинските лиги, а оваа година пријави и екипа во Првата лига.
“Во интерес на развојот на ракометот во Македонија ги информираме сите заинтересирани, а особено РАКОМЕТНИТЕ МЕШЕТАРИ да го остават РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД и родителите на неговите малолетни членови на мир. Безобразно, а без причина, да ги разгоруваат емоциите на родителите ветувајки им се‘ и сешто. Со полна морална и стручна одговорност им ГАРАНТИРАМЕ на сите заинтересирани, родителите, МЕШЕТАРИТЕ и одговорните во нашата Федерација на која сме и благодарни за организираните Лиги во кои играат нашите членови дека децата во БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД, ги имаат сите услови за развој. Ги имаат благодарение на повеќедецениска стручна работа и материјалната помош што последните години ни ја дава спонзорот со неговата фирма. На нашата Федерација сме и‘ благодарни за наградата за освоеното прво место во Пионерска конкуренција. За потсетување, нашиот клуб во годините наназад беше и Кадетски и Младински првак на Македонија. Како резултат на таа работа, од нашиот клуб денес во нашата Супер Лига и во странство успешно играат барем петнаесетина ракометари. во кои е вложен и децениски стручен труд. Плус уште толку играат во Првата Лига. Во оваа прилика имаме голема молба до нашата федерација со соодветни пропозиции да ги заштити помалите клубови. Од погоре изнесеното може да се види дека ние одиме по вистинскиот пат. Како? Па прво ствараме играчки квалитет (ШТО Е МАКОТРПНО АМА ЕДИНСТВЕНО ИСПРАВНО ) и сега со финансиска помош на нашиот спонзор ќе целиме кон Супер лигата каде со сигурност ветуваме дека ќе стигнеме за неколку години и тоа исклучиво со играчи од нашиот клуб. На мешетарите им советуваме да си остручат тренери во своите редови зашто талентите се помеѓу децата, а нив ги има секаде”, – стои во соопштението од Рк Бисинов Фруит Ленд.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷