Екипата на Вардар излезе со соопштение за јавноста во врска за засилувањата за следниот период.
“Претходните денови се појавија информации за играчи кои наводно од следната сезона ќе бидат дел од Вардар, и веќе се договорени сите детали.
Вистината е дека Вардар во ниту еден момент нема преговарано со тие играчи, чија желба веројатно е да бидат дел од нашиот клуб, и преку пласирање на информации во некои медиуми се обидуваат да придонесат со остварување на истите.
Сакаме да ја информираме јавноста дека сите информации околу засилувањата ќе бидат објавени на официјалната клупска интернет страница и клупските канали на социјалните мрежи откако ќе бидат завршени сите формалности со играчите. Сите други информации може да бидат земени со резерва и како шпекулација.
Клубот работи на формирање на тимот со кој во следните сезони ќе се натпреварува и навремено ќе бидат објавени сите детали”, – соопштија од Рк Вардар 1961.
(фото – Рк Вардар 1961)📷