Рк Вардар 1961 му се заблагодари на Град Скопје за помошта што му беше доделена

Ракометниот клуб Вардар 1961 јавно преку соопштение на официјалната страна се заблагодари на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за помошта што му беше доделена на клубот.

“Македонскиот ракометен бренд Вардар 1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје. Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар 1961 препознатлив спортски белег. Секоја помош и поддршка е добредојдена, и значи исполнување на целите кои секогаш се поврзани со остварување на највиските резултати, привлекување на нови млади ракометари, и создавање на здрави навики на младите преку промовирање на спортот на начин на живот. Заедно се радувавме на многу успеси, и ветуваме дека и во иднина ќе бидеме спортската гордост на Скопје”, – стои во соопштението на Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.