Од Ракометниот Клуб Кичево излегоа со соопштение во врска со доделувањето на ваучерите за клубовите.
На социјалните мрежи клубот објави соопштение, каде од клубот реагираат дека се дискриминирани во последните две години поради тоа што не добиваат ваучер.
“Почитувана јавност,почитувани медиуми сакаме да ве информираме целокупната Македонска и спортска јавност дека по денешната објава на ранг листа за субвенци на министерство за спорт и оваа година и претходната година две години со ред сме дискриминирани и не ни се доделени субвенции за спорт или ваучери што законски ни следуваат како спортски субјект. Како управа сакаме министерот за спорт Борко Ристевски јавно да ни одговори по кој критеиум недобиваме субвенции ? Со Почит и спортски поздрав РК.Кичево 2020”, – стои во соопштението на Рк Кичево 2020.

https://www.facebook.com/share/p/1U84GoB2n6
(фото – Рк Кичево 2020)📷








