Екипата на Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако Рубен Гарабаја поднесе оставка од функцијата тренер на тимот.
“РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник:”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
Со Гарабаја на клупата клубот го освои Супер Kупот на Македонија и одигра достоинствени десет натпревари од Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








