Екипата на Еурофарм Пелистер го претстави левиот бек од Франција, Руди Сери за новата сезона.
Руди Сери потпиша договор до 2024 година. Французинот Сери доаѓа од екипата на Сесон Рен, а има настапувано и за Бидасоа Ирун и Селестад.
“Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола. За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите. Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил”, – изјави Руди Сери.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷