Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Прилеп со конечни 27-24 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме се играше гол за гол, и на полувреме двете екипи заминаа со нерешен резултат од 11-11. Во второто полувреме екипата на Тинекс Пролет успеа да го скрши отпорот на Прилеп за рутинска победа во плеј-аутот.
Најефикасен кај екипата на Тинекс Пролет беше Иван Џонов со девет погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Марко Трајковски со седум погодоци.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷