Тинекс Пролет не престанува со победничкиот ритам во ракометната Супер лига на Македонија, по најновиот триумф што избраниците на тренерот Лембанов го забележаа на дуелот со Скопје, изразен со конечни 35-30.
Составот на Тинекс Пролет од почетокот, па се до крајот не дозволи изненадување, и успеа да триумфира против Скопје 2020.
Најдобар стрелец во тимот на Тинекс Пролет беше Иван Џонов со 6 погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најдобар стрелец беше Марио Мишевски со 10 погодоци.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷