РФМ вети премија за ракометарите ако се пласираат на ЕП 2026 година

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија одлучи да им додели премија на репрезентативците ако се пласираат на ЕП 2026 година.

РФМ вети премија од 1.500.000, а исто така и Министерството за спорт со иста сума од 1.500.000 вети премија за сениорите.

“Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија,согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното европско првенство преку квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во рамки на Men’s EHF EURO 2026 – Qualification Phase 5&6 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ од РФМ. Како дополнитена мотивација од Министерстото за спорт по одлука на Министерот за спорт Г-дин Борко Ристовски вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за пласман на Европското првенство”, – стои во соопштението на РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *