Ракометната федерација на Македонија (РФМ) им додели казни на екипите на Скопје и Гевгелија за настанот што се случи помеѓу овие две екипи во Купот на Македонија.
Екипите на Скопје и Гевгелија се исклучени од натпреварувањата на Ракометната федерација на Македонија, покрај сениорските екипи ќе бидат исклучени и младинските екипи на овие два клуба.
Одговорните лица на Скопје и Гевгелија, Валентина Радуловиќ, Веселинка Тренковска и Јулија Беќарова се казнети со двегодишни суспензии во ракометот.
Делегатот/контролор на овој натпревар Митко Ѓоргиевски доби казна и суспензија од шест месеци.

(фото – РФМ)📷