РФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Естонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги пушти во продажба билетите за квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2026 година меѓу Македонија и Естонија.

Продажбата на влезници за натпреварот започна од вчера 30.10.2024 година (среда) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Естонија е 200 и 300 денари.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се одигра на 6.11.2024 година со почеток од 20:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *